Марко Пејчиноски по втор пат го преплива Охридското Езеро

- Локални
354

Maлиот, а сепак голем херој Марко Пејчиноски, по втор пат го преплива Охридското Езеро, на потегот од Охрид до Свети Наум.

– Марко плива од Охрид до Свети Наум, во чест на Исцелителот и Чудотворецот Свети Наум Охридски, за здравје на сите нас, објави неговиот тим.

Марко е најмладиот пливач што ја препливал делницата Св. Наум-Охрид. Подвигот прв пат го направи во  2018 година кога имаше само 12 години со што стана и најмладиот маратонец што ја испливал 30-километарската делница од Свети Наум до Охрид.

Денеска, оваа делница ја преплива за нешто повеќе од 14 часа.

Strugaonline

фото: Тим Марко Пејчиноски

 

Facebook Коментари