„Медена земја“ повторно на репертоарот на струшкиот Центар за култура

- Локални
1041

„Медена земја“, филмот номиниран за Оскар во две категории,повторно  ќе се прикажува во Центарот за култура „Браќа Миладиновци” во Струга.

За прв пат во светската филмска историја документарен филм добива две номинации во иста година за наградите на Академијата!

Проекциите на документарниот филм што го освои светот се зажани за 28 -ми, 29- ти и 30-ти јануари  во 20:00 часот.

„Земи половина од медот, половина остави за пчелите.“
По ова правило за баланс со природата се води Атиџе, последната жена-одгледувач на диви пчели во Европа, која живее сама со својата мајка во централна Македонија. Но, кога во нејзиното соседство ќе се досели номадско семејство-пчелари, таа се соочува со сериозен предизвик, да ги спаси пчелите и да ја зачува природната рамнотежа на земјата.
Ако еден го прекрши правилото, сите ја плаќаат цената!

Strugaonline

Facebook Коментари