Иницијативниот одбор на здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“ и оваа година реши да продолжи со традицијата на одржување на Меѓународен Атлетски Маратон Св.наум-Охрид во должина од 30км.
И оваа година, покрај традиционалниот маратон организациониот одбор реши да организира и рекреативна трка на 5км под името „Прва Трка на Независност’ со која би се привлекло повеќе публика на целта,а обезбедени се и симболични награди од фирма со спортска опрема.
„Досега, официјално за маратонската трка се пријавени 130 учесници и се очекува да се собори рекордот од минатата година со 147 учесници. Освен од Македонија ќе имаме учесници од Србија, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Унгарија, Америка, Велика Британија, Словачка,Кенија и други. Доделувањето на стартните пакети ќе биде на 07.09. , ден пред трките од 12 до 20 часот во спортска сала Билјанини Извори. За првата трка на независност засега имаме околу 40 учесници но очекуваме бројката да се зголеми.“ -информираат организаторите.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари