Последниве два дена е зголемен интензитетот на работите за подобрување на патната инфраструктура во Струга.

„Со асфалтирањето на овие улици кои водат до основното училиште „Браќа Миладиновци“ во Струга, имаме за цел да ја зголемиме безбедноста на учениците, но и да им го олесниме пристапот на родителите на овие ученици при испраќање и приземањето од училиште, во секој момент од денот.

Од друга страна, ваквото асфалтирање ќе овозможи растоварување на патниот сообраќај, бидејќи ќе постане послободно движењето и за пешаците и за возилата, од две или три улици и улички во таа насока во тој дел на градот.- стои во објавата од градоначалникот Мерко.
StrugaOnline
Facebook Коментари