Мето Ди Флеш: Песната ,,Позитивни Негативно“ е музички израз со желба да се вратиме на старото нормално

- Локални, Музика
833

Во минутите посветени на македонската музичка сцена, во денешното издание на емисијата Play cafe на Play radio  ја промовиравме новата песна на Мето Ди Флеш „Позитивни Негативно“. Песна која ги опишува последниве две години кои ги живееме во време на пандемија.  Мето е комплетен автор односно кант автор на песната, спотот го изработи Мухамед Манте.

,,Од состојбата со пандемијата што трае веќе две години, инспирацијата за оваа песна дојде во еден издив. Понекогаш ми треба повеќе време за да напишам текст, овој пат и текстот дојде одеднаш. Пандемијата наместо да нѐ зближи – нѐ раздели, во времето кога имаше карантини, единствен начин на комуникација ни беа социјалните мрежи, а таму за жал видовме дека има луѓе кои наместо сплотеност и разбирање, си делеа негативни коментари меѓу себе. Сето тоа ме инспирираше да ја испратам главната порака – да бидеме позитивни во духот, со негативен PCR тест. Сакам ова да заврши и да се вратиме на старото нормално, да се дружиме и да се забавуваме. ,, – изјави Мето Ди Флеш за Плеј радио.

Тој и овој пат работеше со добро позната екипа , но и со online музичари.

За видеото да изгледа светски се погрижи Мухамед Манте кој го нацрта New York и дирекно од Foto Studio FLASH Struga ме стави мене во центарот на светот. Видеото го видов една недела пред самата промоција и бев презадоволен и воодушевен.  Марија Мечкароска како главен придружен вокал е мој долгогодишен соработник, како придружен вокал на оваа песна се појавува и мојата ќерка Анастасија Поповска, а имав и соработока со online музичари. Од вчера, кога ја промовирав песната, па до денеска има лавина позитивни коментари што многу ми значат. Луѓето ми се заблагодаруваат за оваа песна во која се пронајдоа, а јас им се заблагодарувам нив што ја почитуваат мојата музика. – потенцира Мето.
Тој додаде дека продолжува со неговите караоке настапи по клубови низ земјава затоа што тоа е неговиот однос очи во очи со публиката што го практикува со години и многу го исполнува.
Најави и нова песна која до промовирањето ќе остане изненадување без откривање детали за истата.
Извор и фото: Play radio

Facebook Коментари