Пензионерот и член на ЗП-Струга, Методија Столески, роден е во село Таш Маруништа во 1939 година, а сега живее во Струга. Завршил средно дрводелско училиште во Белград и Педагошка Академија во Скопје. Сега е во пензија. Работел како наставник по Општо техничко образование во Струга.Со копаничарство се занимава од далечната 1955 година. Оваа година го одбележува 60 годишниот јубилеј од првата резба. Неговата инспирација е Византиската уметност како творештво, а Мијачката резбарска школа по мајсторство и техника.Член е на здружението на копаничари на Македонија и учесник на многу самостојни и заеднички изложби и колонии. Работи во своите атељеа во Струга и во родното Таш Маруништа.
–Да се сочува стариот копаничарски занает е завет кој што не смее да се заборави -вели Столески.
– Пред убавината на творбите од рацете на старите неимари и денес остануваме без здив- вели струшкиот пензионер кој 60 години неуморно работи .За многу такви со гордост можеме да кажеме дека се направени во Македонија. За жал индустријата со масовмото производство истисна многу занаети.Некои исчезнаа за секогаш. Еден од авторите кои имаат храброст да им се врати на старите занаети,е реномираниот копаничар,сега пензионер Методија Столески,кој целата своја енергија ја вложува во афирмација и продолжување на копаничарството во функција на зачувување на традицијата и збогатување на туристичка понуда.
Познзтиот пензионер кој го затекнавме во неговото струшко атеље ,кажува дека постојат неколку типови на резби:овчарска ( орнаментирана),плитка ( слепчанска),длабока,поткопана (охридска) и ажурна ( проѕирна) резба. Без разлика на техниката, најтешко се обработуваат ликови – портрети.
Резбарството не е само занает. Тоа е уметност-вели Методија.
„Сите сакрални ликови имаат иконографија од македонските црвики,тоа е многу важно бидејќи уметноста во денешните цркви често има влијание од западната уметност. Изработувам ликови на познати, но и на помалку познати светци што се среќаваат во Македонија. Најмногу ме привлекува иконографијата од 9,11 и 14 век.Сметам дека византиската уметност создавана во Охрид, Солун и во Цариград има најдобра иконографија, бидејќи таму најсилно е прикажана духовноста на ликовите на светците“ – објаснува Столески
Оревот и црешата се најблагородни дрва за резба ,особено варениот орев. Столески има изработено многу иконостаси низ Македонија: Во неговото село, во Св.Спас –Мороишта Струга, Св.Пречиста во селото Подгорци, има изработено и многу фрагменти од Тешкото, гозби, Флор и Фауна , жетврки и многу друго.
„Сега сум горд и среќен што мојот син Новица Столески е мој наследник кој 25 години е целосно посветен на копаничарството.“ – вели Столески кој тајните на овој занает ги пренесува на помладите членови од своето семејство.
Tекст и фото: Стојан Кукунешоски
Strugaonline
Facebook Коментари