Министeрот Филипче на средба со здравствените работници во Струга

- Локални, Македонија
515

Се подготвуваме за нов бран од ковид-19 на есен, посилен од овој сега заради сите други респираторни вируси кои се појавуваат во тој период. Ги зајакнуваме капацитетите.- информира министерот Венко Филипче.

На средбата со здравствените работници во Струга, Филипче разговараше за ангажирање на дополнителен број на млади лица коишто сега завршуваат и медицински сестри кои завршиле во средно медицинските училишта во изминатиот период за надградување на капацитетите за тестирање.

Министерот вели  дека на есен, поради тоа што времето нема да биде топло, луѓето повеќе ќе бидат во затворени простории, а со тоа ќе имаат и поблиски респираторни контакти, сето тоа во комбинацја со други респираторни вируси се очекува да донесе посилен бран.

Филипче потенцираше дека медицинскиот персонал херојски се бори и одлично ја менаџира кризата.

Strugaonline

Facebook Коментари