Министерството за култура во петок ќе објави препораки за заштита на Охридскиот регион

- Локални
668

Според барањата на собраниската комисија, Министерството за култура најави дека 22 препораки за заштита на Охридскиот регион ќе се објават в петок, додека се носи новиот закон за заштита на културното наследство.

– Во однос на прашањето зошто измените на Предлог-Законот за културата се уште не се влезени во собраниска процедура, ве известуваме дека нацрт-законот за управување со културното и природното наследство во Охридскиот регион е во владина процедура, а по одобрение од Владата на Република Северна Македонија ќе биде доставен до Собранието, соопштија од Министерството за култура, пренесе порталот фактор.мк.

Во однос на постапката за спроведување на 22 препораки за развој и заштита на културното наследство на Охридскиот регион, Министерството за култура, одби да даде информации.

– За спроведувањето на препораките и заклучоците на Комисијата за култура на Собранието министерот за култура имаше свое обраќање. Инаку во петокот (8 март 2019 година) се најавува состанок на Комисијата за култура во Собранието на оваа тема, а за што дополнително ќе биде информирана јавноста, велат од Министерството за култура.

Извор: фактор.мк

фото: архива

Facebook Коментари