МЈП „Проаква“ официјално е поделена на три јавни претпријатија

- Локални
733

Советот на општина Охрид на денешната седница ја прифати предложената одлука за давање согласност на одлуката за потврдување на Планот за поделба  на МЈП „Проаква“  од 04.11.2019 година и потврдување на Спогодбата за присоединување од 04.11.2019 година. По донесувањето на планот и спогодбата во иднина самостојно ќе функционираат јавните претпријатија „Водовод“ – Охрид, „Водовод“ – Струга и државното јавно претпријатие „Колекторски систем“.

Извор и фото: Општина Охрид

Facebook Коментари