На 1-ви февруари започнува националната кампања ,,Ги запознаваме ретките болести 2021“

- Локални, Македонија
632

Во понеделник, на 1 февруари започнува националната кампања “Ги запознаваме ретките болести 2021”
Од  здружението ,,Живот со предизвици“ и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид најавуваат дека на 1-ви февруари ќе биде осветлена  Самоиловата тврдина како едно од најважните обележја на Охрид. Самоиловата тврдина ќе остане осветлена цел месец.

,,Како и секоја година,така оваа година се приклучуваме кон глобалниот повик на ЕУРОРДИС за осветлување на локални и национални згради и споменици.
Сите знаеме дека изминатата,но и почетокот на оваа година поминува  во светлото на КОВИД-19.
Овој синџир на осветлени објекти ќе послужи како еден од симболичните начини за кршење на изолацијата на глобално ниво. Ве повикуваме да ни се придружите, осветлете некој објект или дајте ни ваш предлог за илуминација на некоја зграда, споменик и слично. Повеќе осветлени локални и национални згради и споменици, го зајакнуваат меѓународното влијание!“-вели Гордана Лолеска, активист во здружението ,,Живот со предизвици“.

Реализацијата на кампањата ,,Ги запознаваме ректите болести“ започна пред две години. Во секој ден од месец февруари беше презентирана по една ретка болест се со цел јавноста да биде информирана за ретките , нивните права и потреби.

Овој значаен проект од информативно-едукативен карактер и оваа трета година по ред ќе се реализира на македонски и албански јазик, а секоја година наидува на голема медиумска поддршка.

Strugaonline

Facebook Коментари