Од 10-ти до 12-ти август 2018, во Центарот за култура “Браќа Миладиновци” – Струга ќе се одржи интернационалниот арт фестивал Езерски бисери 2018.
Езерски бисери е меѓународен арт фестивал и натпревар на кој учествуваат пејачи, инструменталисти, танчери, уметници од целиот свет. Нивните настапи ги оценува реномирано интернационално жири, чии членови одржуваат бесплатни мастер класови по натпреварот за сите учесници и нивните професори. На фестивалот годинава земаат учество таленти од Македонија, Русија, Унгарија, Хрватска, Украина, Словенија, Белорусија, Литванија, Казахстан, Србија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Романија, Турција, Молдавија.
Strugaonline
Facebook Коментари