На 11-ти Октомври традиционално есенско искачување на Стрижак

- Локални
373
Во организација на Планинарското и еколошко друштво ,,Гороцвет на Јабланица” – Подгорци, на 11-ти Октомври (среда) ќе има традиционално есенско искачување на Стрижак.
-Збирно место ќе биде на Лабунишки бачила(последна викендица кон врвот). До местото можете да дојдете со џип или автомобил (пожелно е да го оставите возилото каде што завршува асфалтот од каде има 15 минути пеш до собирното место).
Време на тргнување кон врвот е 8:30 часот.“ -информираат организаторите.
Маршута: врв Стрижак. Лабунишки локви – Лабунишки бачила.Во времетраење од 4 часа. Доколку во групата има поподготвени планинари, можат да продолжат и кон Подгоречко езеро со обиколка (плус 1 час и половина).
-Учесниците треба да имаат комплетна планинарска опрема и храна ( вода мин.1 литар).
Секој од учесниците оди на сопствена одговорност и одлука. Затоа се молат да се движат заедно со меѓусебно дружење и уживање.-додаваат организаторите.

Сите заинтересирани можат да се пријават и да добијат повеќе информации кај Прим. Д-р Оливер Бојчески 070 466 558 и Николче Сагдиноски 071 395 169.
Strugaonline

Facebook Коментари