Лев банер Десен банер

На 12 август дезинсекција против комарци во цела Општина Струга

Во среда, 12 август 2026 година, на подрачјето на Општина Струга ќе се спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција за уништување на комарци.

Според известувањето до граѓаните од Општина Струга, теренското запрашување ќе започне во 20:00 часот и ќе трае во текот на ноќта, односно до раните утрински часови. Дезинсекцијата ќе се врши со апарат за УЛВ ладно запрашување.

Со акцијата ќе бидат опфатени сите населени места на територијата на Општина Струга, со цел да се намали бројот на комарци и да се обезбедат подобри услови за жителите.

Од надлежните упатуваат апел до пчеларите и пчеларските задруги навремено да преземат соодветни мерки за заштита на пчелните семејства за време на спроведувањето на дезинсекцијата.

Доколку се појават неповолни временски услови, како силен ветер или дожд, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се спроведе во следниот поволен ден.

Граѓаните се повикуваат да го имаат предвид терминот на прскањето и навремено да ги преземат потребните мерки.

StrugaOnline

error: