На 15-ти јуни Inigo Kennedy настапува во Струга!

- Забава, Локални
1068

На 15-ти јуни ексклузивно, во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе настапи најголемата sвезда во светот на електронската музика Inigo Kennedy

Inigo Kennedy претставува икона во светот на електронската музика со над 100 музички изданија и две децении активна инволвираност во британската и интернационалната сцена, како и актуелно име кое често можете да го сретнете во програмите на елитните техно храмови низ светот како: Fabric, Berghain, Bassiani, Tresor и сл.
Како музичар и продуцент, неговата иновативност и уникатен пристап се легендарни, со каталог на изданија на водечките техно етикети како Token, Semantica и неговата сопствена издавачка куќа Asymmetric. Долгогодишното искуство и високите стандарди на селекција ги прават неговите сетови незаборавни патувања на подиумот.
“На 15ти jуни ке ја имаме честа да го проследниме неговиот тричасовен настап во Хангар, Струга.  Доколку не сте го посетиле овој простор ве уверуваме дека доаѓате на најдобриот техно подиум во нашата Република. Настанот започнува во 22:00 и ќе трае цели 12 часа. На летната сцена ќе биде сместена зоната за одмор и релаксација каде што, исто така, се предвидени настапи на неколку домашни артисти.“ – информираат организаторите.
По завршување на вечерната програма журката продолжува на брод кој ќе крстари по Охридското езеро. Очекувајте маратонска техно авантура со исклучително квалитетна програма. Карти во предпродажба во строго ограничен број ке можат да се набават преку продажните мрежи на www.mktickets.mk и www.karti.com.mk

Strugaonline

Фото: архива

Facebook Коментари