На 17-ти мај во Струга ќе се одржи „Матурска парада 2019“

- Локални
117

На 17-ти мај во Струга ќе се одржи традиционалната „Матурска парада 2019“ со која матурантите ќе го означат крајот на нивното средно образование.

Струшките матуранти, заедно со своите врсници од неколку македонски градови, но и од градови во Европа, точно напладне ќе го изведат танцот „Квадрил” од Штраусовата опера „Лилјакот“.

Матурската парада е покрената во 2001 година во Словенија, а нејзин идеен творец е Томаж Амброж од танцовата школа „Уршка“ во Љубљана.

Strugaonline

Facebook Коментари