На 18-ти јуни во Центар за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга Д-р Климент Матоски, педијатар во пензија, ќе го презентира својот ,,Проект Струга 83.“

,, Станува збор за лонгитудинална, проспективна, мултифакториелна научна студија за растот, развојот и општата здравствена состојба на децата од Струга и струшко од раѓање до адолесценција и потоа, за период од триесет години.“-вели Д-р Матоски.
Овој проект стартуваше во јануари 1983 година, а оваа година одбележува 40 години јубилеј.
,,Ќе бидам почестен и многу среќен со Ваше присуство, за презентацијата – ,,Мое животно дело“- додава Матоски.
Strugaonline
Facebook Коментари