Следејќи го концептот „Спорт за сите” на ден 21. 05. 2023 во организација на Спортскиот клуб ,,Соларис“-Струга ќе се одржи кајакарска регата за сите.
,,Критериум за учество е натпреварувачот да не е активен спортист. За тоа обезбедуваме стабилни аматерски кајаци и елеци за безбедност. Трките ќе се одржат во Дрим на потегот Мезе-бар Кингстон до дрвениот мост во должина од 100 метри.,, – информираат организаторите.
Сите заинтересирани можат да се пријават во инбокс на Facebook страницата на Спортскиот клуб ,,Соларис“.
Strugaonline
Facebook Коментари