На 23-ти декември петто јубилејно издание на „Моден ден“ во Струга

- Забава, Локални
1598

Со оригинална фотосесија  Балетското студио „Баx“ со гордост го најавува петтото јубилејно издание на „Моден ден“, настан кој полека прераснува во манифестација. Станува збор за 60 минутно уживање во софистицирана комбинација на модата и танцот, која балетското студио „Баx“ знае да ја создаде на најкреативен можен начин. Овогодинешниот „Моден ден“ ќе се одржи на 23-ти декември во хотел Дрим (Розе сала), а почетокот е закажан за 20:00 часот.

Со оглед на тоа дека изминативе години на „Моден ден“ можеше да се присуствува само со добиена покана,  новитет односно изненадување по повод јубилејот оваа година,  е тоа што ќе бидат пуштени во продажба 100 билети за сите кои сакаат да бидат дел од овој настан. На 23-ти декември веќе ќе биде започната новогодишната еуфорија, а Балетското студио Баx дополнително ќе ја загрее атмосферата и ќе ви ги стопли срцата.

Извор: Strugaonline

Фото: Кристина Затуровска

Facebook Коментари