На 23-ти декември Струга ќе биде домаќин на првото издание на Зимскиот шаховски фестивал ,,Езерска кралица 2023“

- Локални, Спорт
364

На 23-ти декември, сабота, во Приватното училиште ,,Јахја Кемал“ во Струга ќе се одржи првото издание на Зимскиот шаховски фестивал ,,Езерска кралица 2023“ На турнирот ќе учествуваат млади шахисти поделени во четири категорни групи (8,10,12 и 14 години).

,,Младинскиот турнир го организираме поради големиот интерес на младите за учество на вакви турнири. Организацијата ја реализираме во соработка со Шаховскиот клуб ,,Ласкер“ од Охрид. Упатувам голема благодарност до овогодинешниот спонзор на турнирот, приватната здравствена установа ,,Магдис“ од Струга,,-изјави за Strugaonline Ѓоко Котески од Младинската шаховска школа Струга.

Пријавувањето трае до 22-ри декември на емаил адресата [email protected] или на телефон 077 897 218. Почетокот на турнирот е закажан за во 10:00 часот.

Oрганизаторите информираат дека досега се пријавени 40 деца, но очекуваат бројот  да се зголеми во наредните денови.

Strugaonline

Facebook Коментари