На 6-ти мај во Струга ќе се одржи првото Регионално Младинско првенство во шах , пријавувањето е во тек

- Локални, Спорт
493
Шаховскиот клуб ,,Младинска шаховска школа Струга“ во соработка со ШК ,,Лаксер“ од Охрид го организираат првото Регионално Младинско првенство во шах ,,Lake Queen School Cup 2023“ наменет за деца од основните училишта од општините Струга, Охрид, Вевчани и Дебрца.
Настанот ќе се одржи на ден 06.05(сабота) со почеток во 10: 30 час во ПУ Јахја Кемал во Струга.
,,На настанот ќе учествуваат преку 100 млади шахисти од овие четири општини. Настанот е дел од Меѓународниот младински шаховски фестивал ,,Езерска Кралица 2023″ кој го организираме веќе четири години. ,,- информираат од Младинската шаховска школа Струга.
Пријавувањето на играчите трае 05.05.2023 на следниот емаил: [email protected].
Strugaonline
фото: архива

Facebook Коментари