На денешен ден е роден познатиот уметник Вангел Коџоман

- Локални
118

На денешен ден е роден познатиот стружанец Вангел Коџоман,  ликовен уметник и еден од основоположниците на македонската современа уметност.

Се смета како сликар на македонскиот пејзаж и македонскиот човек, работејќи во духот на академскиот реализам и постимпресионистичка постапка, формирајќи го своето сликарство на искуствата на интимизмот, социјалната уметност, како и на кубизмот, фовизмот и експресионизмот.

Роден на 14-ти февруари 1904 година во Струга. По завршувањето на Уметничката школа во Белград 1928 година го продолжува студирањето на двегодишниот академски курс кај проф. Милан Миловановиќ. Од 1936 година до почетокот на војната учествувал во пролетните изложби на сликарски и вајарски дела на југословенските уметници и на есенските изложби на белградските уметници во Белград. Во 1937 година. Учествувал на изложбата на независните сликари во Белград, наречена „бојкоташка”. Во 1938-39 година. Во Белград добил место на професор по ликовно воспитание во Седмата машка гимназија, каде останал до 1945 година и учествувал во културниот, уметничкиот и спортскиот живот. Во месец октомври, неколку дена по ослободувањето на Белград, стапил како воен сликар на должност шеф на Одделот за пропаганда при Главниот штаб на Македонија за ширење на ликовната уметност во војската и народот на која останал шест месеци, до први јуни 1945 година.По демобилизирањето, кон крајот на септември 1945 година дошол во ослободеното Скопје каде се вработил како професор во Средната художествена школа која во 1948 година го добива називот Училиште за применета уметност. Таму работел во 1952 година Вангел Коџоман е еден од основачите на Друштвото на ликовните уметници на Македонија во Скопје и долгогодишен член на неговата управа.

Предавал сликарство и методика на ликовното воспитание. Учел повеќе генерации млади уметници и педагози. Во 1953 година, заедно со Личеноски и Мартиноски ја претставувал македонската ликовна уметност на големата изложба „Половина век на југословенското сликарство, 1900-1950″ во Модерната галерија во Загреб. Во 1955-56 година остварил четиримесечен студиски престој во Париз. Во неговиот Дневник ќе запише: „По престојот во метрополата моите настојувања стануваат се посмели и поафирмативни, ро извесно надградување и формирање на творечкиот инстинкт”.

Во 1975 година е избран за дописен член на МАНУ, каде е редовен член од 1981 година. Носител е на наградите: Октомвриска награда на СРМ за животно дело во 1969 година, Осмоноемвриска награда на Струга во 1975година, АВНОЈ во 1979 година, 13-ти ноември на град Скопје во 1981 година.

Почина во Скопје на 28-ми септември 1994 година.

Facebook Коментари