На денешен ден Григор Прличев се закити со „Ловоров венец“ за поемата „Сердарот“

- Локални
270

На денешен ден, 25-ти март, во 1860 година на анонимниот конкурс за поема, што се одржа во Атина, македонскиот преродбеник Григор Прличев доби „Ловоров венец“.

Венецот го доби за поемата „Сердарот“, кое е воедно негово најпознато дело. Во наградата спаѓало и студирање во Берлин или Оксфорд, но таа награда можел да ја добие само ако се откаже од сè словенско во него – и тој ја одбил.

Поемата е напишана во 1860 година, а за нејзиното значење доволно зборува и фактот што поради неа бил наречен „втор Хомер“. Оригинално е напишана на грчки јазик како „О Арматалос“, но при крајот на животот Прличев ја превел на македонски јазик. Во меѓувреме, по дознавањето за трагичната смрт на неговите драги пријатели, браќата Миладиновци, веднаш се вратил во Македонија. 1871 година е доста важна година во неговиот живот, кога ја препејува легендарната поема „Илијада“, по што е наречен втор Хомер.

Григор Прличев е еден од најпознатите писатели во македонската литература од 19-от век. Делата на овој преродбеник и литерат, зрачат со епохалност, симболичност и енергија која ја воведе македонската литература во едно ново поглавје. Неговата работа и дело го претставуваат како еден од најпродуктивните македонски писатели од периодот кога Македонија водела силна битка со културната преродба.

 

Facebook Коментари