На Вевчанскиот карневал годинава ќе се реализираат само дел од обичаите

- Локални
620
 
Василичарско друштво „Долна Маала“ -Вевчани информираше дека на одржаниот состанок на кој се разговарало за овогодинешниот начин на прославување на Василица, одлучено е дека нема да се реализираат обичаите од 12 јануари, но ќе се одржи маскенбалот следниот ден под посебни протоколи со маски и држење растојание. За вечерта најавуваат традиционална посета на домовите, но без влегување внатре.
Од друштвото апелираат до сите граѓани и посетители на Вевчани да ги почитуваат сите мерки за заштита од вирусот ковид 19.
Претходно, Општина Вевчани се откажа  од организирање на концертите на 12- ти и 13- ти јануари за да се спречи масовно собирање поради пандемијатата со Ковид-19. Но, нема надлежност да ја одложи ,,Свети Василија.“
“Општина Вевчани нема право да се меша во тоа дали ќе има поворки на василичарските друштва, меѓутоа ќе апелираме да нема групно собирање, да нема посети на домовите, да се запазат мерките што ги налага Комисијата за заразни болести. Сигурен сум дека ќе се применат тие мерки за да може да го славиме Свети Василија онака како што сме го славеле со векови”.-истакна градоначалникот Сашо Јанкоски.
Вевчанскиот карневал има традиција долга 15 века.
Strugaonline

Facebook Коментари