Најстарата куќа во струшката чаршија оставена на забот на времето

- Локални
1117

Ова е најстарата куќа во струшката чаршија, прогласена за културно наследство и оставена на забот на времето, за жал не толку гордо немо сведочи за историјата и зачувувањето на старите, струшки и автентични вредности. 

Дел од чардакот на оваа куќа почна да се руши, а вистинското прашање е дали ќе ја „преживее“ зимата што доаѓа. Состојбата е критична, бидејќи претставува опасност за граѓаните на Струга. Свесен за оваа опасност е и еден од сопствениците, адвокатот Глигор Ќатоски. Ќатоски не наишол на добра волја и соработка со другите сопственици на куќата за заедно да бараат решение за овој проблем, па низ лавиринтот на институциите тргнал сам.

Најпрво се обратил во Општина Струга,  укажал на тоа дека стравува дека куќата ќе се урне оваа зима, од таму добил одговор дека со оглед на тоа дека куќата е прогласена за културно наследство, Општина Струга не е надлежна за нејзино санирање.  Темелно информирајќи се за процедурите, Ќатоски добил информација дека куќата чека ред за реставрација. Сметајќи ја состојбата за итна, тој се обратил и во Национална установа за зшатита на спомениците на култура и музеј Охрид, од каде што се прогласиле за ненадлежни и одговорноста ја префрлиле на Општина Струга. Додека институциите (не)надлежноста ја префрлаат едни на други, на Ќатоски му останува надежта да не се случи трагедија, и на некој случаен минувач низ струшката чаршија оваа куќа да не му се сруши врз глава.

Strugaonline

Facebook Коментари