Народен театар -Охрид се закити со признанието „Нета“ за претставата „Стаклена менажерија“

- Локални
603

НУЦК „Григор Прличев” – Охрид / Народен театар Охрид повторно со овоена награда НЕТА на фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков” во Струмица, за актерска инвентивност и посветеност во остварувањето на режискиот концепт на „Стаклена Менажерија” претстава на Тенеси Вилијамс, а во  режија Софија Ристевска Петрушева.

Во наградената претстава играат: Никола Тодороски, Стрезо Стаматовски, Адријана Билаловиќ Тодороска и Филип Кипровски.

Ова е многу успешен период за актерите и самиот охридски театар. Претходно, Народен театар Охрид настапи на фестивалот „Гола Месечина“ во Скопје, на кој актерот Стрезо Стаматовски беше награден за најдобра епизодна улога во претставата „Каде е пиштолот?“.

Strugaonline

Facebook Коментари