Насер Нуредини: Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО

- Локални
501

Охридското Езеро го задржува статусот на УНЕСКО, време е сите заедно да ја одработиме нашата обврска и да ги доимплементираме препораките, објави министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини.

Во своето обраќање на вчерашната сесија на Комитетот на УНЕСКО, министерот Нуредини заблагодарувајќи се за поддршката тој изјави:

– Би сакал да се заблагодарам на Комитетот на УНЕСКО што ги препозна нашите напори и го одобри предложениот амандман со кој ни се одобрува дополнителен период за завршување на започнатите работи и потполно исполнување на добиените препораки. Посебна благодарност до Босна и Херцеговина и Руската Федерација за поддршката во овие заложби, како и на делегациите на Кина, Саудиска Арабија, Унгарија и Шпанија. Истотака благодарност до колегите од Австралија и Норвешка за континуираните пријателски совети и поддршка. Драго ми е што Охридското Езеро и регионот ќе имаат можност да го задржат својот статус и ќе имаме време за да ја комплетираме заштитата на ова неверојатно природно и културно светско наследство. Сепак, ова значи дополнителна одговорност, затоа сега е време навистина да работиме заедно и да се осигураме дека во иднина нема да се најдеме во ваква ситуација. Затоа ги поканувам сите чинители, приватниот сектор, локалната самоуправа, сите граѓански организации, да соработуваат и да го дадат својот придонес кон заштитата на езерото и целиот регион, изјави Нуредини.

StrugaOnline

Facebook Коментари