Наскоро ново талент шоу: Ohrid Superstar

- Забава, Локални
1072

Возраста не е важна, може да се пријават од 7 до 77 години, треба само желба и талентот кој сакате да го покажете пред јавноста, порачуваат организаторите на новото талент шоу: OHRID SUPERSTAR кое треба да започне наскоро.

Охрид-суперстар

„Започнуваме потрага по музичари, пејачи, глумци, бендови, стенд ап комичари, водители за тв и радио проекти – односно по сите во регионот на Охрид и Струга кои имаат некој талент и сакаат истиот да го покажат. Талентот не признава граници и токму затоа, ако имате некој талент кој излегува од границите на она што ние го имаме предвидено, секако дека сакаме да го видиме и споделиме со јавноста. На овој начин сакаме да им дадеме можност на сите да се експонираат и да бидат новата Супер Ѕвезда“, додаваат организаторите.

Обезбедени се богати награди за најдобрите и тоа:

– парична награда од 2.000 евра,
– снимање на песна и видео спот со Даниел Јовески и
– старт на тв и радио проект

Сите заинтересирани ќе можат да добијат дополнителни информации и на официјалната страна на Facebook, а својот талент ќе го пријавуваат на мejл адресата: [email protected].

Извор: ОХРИД 24

Facebook Коментари