Наумче Мојсовски го засилува тренерскиот тим на летниот камп „Маврово 2017“

- Локални, Спорт
1434

Поранешниот македонски репрезентативец Наумче Мојсовски ќе се придружи на третото издание на летниот камп „Маврово“ како дел од стручниот штаб. Централниот бек, кој во 2016 се прости од репрезентативниот дрес, ќе го засили тренерскиот тим и ќе биде дел од секојдневните тренинзи на идните македонски ракометни ѕвезди.

Камперите ќе имаат можност да научат повеќе за тајните на ракометната игра од искусниот ракометен интернационалец.

Наумче Мојсовски, својата ракометна кариера ја започнал во Струга, потоа настапувал за најдобрите македонски клубови, а во својата интернационална кариера го носел дресот на екипи од Шпанија, Романија и Катар. За македонската репрезентација забележал повеќе од 100 настапи, а беше дел од селекцијата која го освои петтото место на Европското првенство во Србија.

Доколку сакате да се пријавите за третото издание на ракометниот камп „Маврово 2017“, следете го овој линк, – велат од Академијата Алушовски.

Извор: Академија Алушовски

Facebook Коментари