Нема опасност од експлозија-затворени се вентилите со плин на бензинската „Макпетрол“

- Локални
1101

Денеска во 17:40 часот во Територијалната противпожарна служба во Струга, од страна на вработен во бензинската станица „Макпетрол“ пријавено е дека тече плин од резервоарот на бензинската. По добиената пријава екипите на ТППЕ Струга веднаш интервенирале со две противпожарни возила и пет пожарникари. Од ТППЕ Струга информираат дека веднаш била извршена евакуација на лицата присутни на местото на настанот и по договор со одговорните лица било пристапено кон затворање на сите вентили со плин. Повеќе нема никаква опаснот од експлозија, но превентивно се уште има пожарникари на бензинската. За случајот е известена и полицијата во Струга.

Strugaonline

 

Facebook Коментари