На 23-ти февруари во Народен театар Охрид, публиката ќе има можност да го проследи шестото шоу од петтата сезона од театарската импровизација „Импровокација“. Актерите на креативен начин ја најавуваат новата епизода.
„!! НАРОДЕ ЧУЈТЕ И СЛУШНЕТЕ !!
Во сабота 23 февруари, во 20 часот партијата на СЛОБОДНИ ИМПРОВОКАТОРИ ќе ги објави своите кандидати за претстојните претседателски, односно локални избори. Кандидатите ќе ја презентираат и нивната програма за следните 4-5 години напишана на рака на пола А4 страна. Нас ќе ни претставува особена чест и задоволство доколку и Вие би сакале да бидете дел од оваа манифестација.
Со почит,
Од УПРАВАТА
ВИВА ЛА ИМПРОВОКАЦИЈА!
Партиски книшки за нашата партија можете да набавите на следново продажно место:
Музичка Продавница Зи Зи Топ или резервирајте ги на телефонскиот број 075283066 (11:00-15:00 ч.)
Цена: 200 северно македонски денари.’ – велат имрпвокаторите.
Strugaonline
Facebook Коментари