Нова фабрика на Magna International се гради кај Струга, следуваат 1 000 вработубања

- Локални
7770

Новата фабрика што канадската компанија за производство на автоделови, Магна Интернешнл (Magna International), почна да ја гради во ТИРЗ Струга, ќе вработи преку 1.000 луѓе во првите пет години, најавуваат од менаџментот.

На официјалната Фејсбук страница на компанијата деновиве објавија дека почнуваат со изградба на својата нова фабрика во земјава, која ќе се простира на површина од 17.000 м2 и ќе произведува надворешни ретровизори за возила и т.н. активатори, односно компоненти одговорни за придвижување и контролирање на различни механизми во автомобилите.

Во објавениот пост немаше повеќе детали околу инвестицијата, па од Капитал пративме неколку прашања до надлежните  за односи со јавност на Magna, коишто ни одговорија дека изградбата на фабриката е веќе почната пред три недели и дека ќе произведува делови за неколку европски компании од автомобилската индустрија.

“Ја избравме Северна Македонија поради конкурентната цена на работната сила, достапноста на кадри и флексибилноста на пазарот, многу добрата бизнис средина, целосната владина поддршка, како и локацијата на меѓународен аеродром блиску до фабриката“, велат од Магна.

Целиот текст можете да го прочитате на следниов ЛИНК 

Извор и фото: kapital.mk

Facebook Коментари