Минатиот викенд градоначалникот на општина Струга, г. Рамиз Мерко го пречека градоначалникот на Општина Бујукчекмеџе (Büyükçekmece), г. Хасан Акгун. Целта на состанокот беше изградбата на нов објект во училиштето “Браќа Миладиновци”, кој веќе е започнат, и реализација односно финализација на истиот.
Како заклучок беше разговарано и беше одлучено дека градежните работи за изградба на објектот треба да завршат на 25 август за да новата академска година 2019/2020 започне во новите простории на училиштето.
StrugaOnline
Facebook Коментари