Новогодишен концерт на музичкото студио „Соната“ во Струга

- Локални
534

Во Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга (мала сала), на 22-ри декември (недела), со почеток во 17 00 часот, новогодишен концерт ќе одржи Музичкото студио „Соната“. Концертот се одржува традиционално, секоја година во пресрет на божиќните и новогодишните празници. „Соната“ е независно музичко студио специјализирано за настава по класична гитара, гирата и пијано. Музиката ќе биде изведена од учениците на музичкото студио кои најавуваат пријатна и богата програма. Влезoт е бесплатен.

Strugaonline

Facebook Коментари