Обука на тема „Социјално претприемништво за спортски клубови“ во Вевчани

- Локални, Спорт
841

На 15-ти и 16-ти декември во Вевчани ќе се одржи обука на тема „Социјално претприемништво за спортски клубови“. Целта на обуката  е да ги мотивира членовите на клубовите кои се занимаваат со планински спортови со можностите кои ги нуди социјалното претприемништво и продлабочување на нивните социјално-претприемачки знаења.
Крајна цел на овој модул е пополаризација, ревитализација и активација на планинарските домови ширум земјава, како за домашните, така и за странските туристи.


Обуката трае два дена, и ги опфаќа следниве теми:
• Социјално претприемништво: концепт и разбирање
• Социјално претприемништво во Македонија: политички и модели и мерки
• Финансиски инструменти за социјални претпријатија – можности за почеток
• Социјални претпријатија во акција – презентација на постоечки примери
• Мапирање на моменталната ситуација: можности, пречки и предизвици за планинските клубови
• Design thinking за социјално претприемништво
• Добрите и лошите практики од Македонија и ЕУ
• Разлики помеѓу социјалното претприемништво и социјални иновации
• ИТ во социјалното претприемништво – модул за работа и промоција
• Соработка, мрежи и кластери – можност за успех
Обуката е наменета за членови на спортските клубови од регионот на Галичица, Јабланица, Кораб и Шар Планина и националните паркови Галичица и Маврово кои имаат можност за комерцијализација на своите услуги и активности како дел од туристичката понуда. Добредојдени се и други клубови кои своите спортско рекреативни активности можат да ги вклучат во туристичка понуда.
Обуките ги спроведува Локална Агенција за Развој – Струга. Овие обуки се дел од проектот „Идни перспективи преку планински туризам“ спроведуван од ГИЗ – (Германското Друштво за Интернационална Соработка) во перидот од август-декември 2017.

Strugaonline

Facebook Коментари