Од 1-ви јануари парична месечна награда за стружани кои се грижат за чистотата на градот

- Локални
531
Во соработка со различни локални сектори, индивидуални граѓани, невладини, приватни фирми и владини претставници, се обезбедува месечна парична награда наменета за граѓани кои доброволно ќе се погрижат за чистење на градот Струга, почнувајќи од 1ви јануари, 2021год.
Наградата е со цел да се поттикнат и наградат индивидуи кои се грижат за чистотата на градот, особено јавните простори за кои и работниците на комуналното претпријатие се грижат да бидат чисти. Наградата изнесува 6100 ден.(100 €) и ќе боде доделена на победникот секој месец на 25ти. после селекција од приложените фотографии од “пред и после” чистење на местото.
Како да учествувате:
Направете фотографии од јавен простор кој е загаден со отпадоци, па направете фотографии откако просторпт е исчистен. Пратете ги фотографиите на [email protected]
Aко се вклучени повеќе индивидуи во чистењето, да бидат наведени името и презимето на секој од нив. Ако победи вашата група, наградата ќе биде поделена на сите. Исто така, треба да се остави и контакт телефон.
Критериуми за избирање на победник:
Победникот ќе биде избран според големината на осчистениот простор од добиените фотографии.
Победникот ќе биде прогласен на 25ти од секој месец и повикан да ја подигне наградата.
Оваа соработка е покрената од интернационална уметница, Лида Шерафатман, која престојува во Струга од 2018 г. како инспративна средина за сликање и креирање. Таа е обожавател на природата во Македонија и моментално подготвува колекција од уменички дела базирани врз флоралното наследство на територијата на Општина Струга за природно научниот музеј “Д-р Никола Незлобински”.
Проектот е поддржан од ЈП Комунално Струга Адвокатска канцеларија Стојкоски&Ќатоски/Law office Stojkoski&Kjatoski,
Bimedia.infо, Bager Genesis 2.0, Музеј д-р Никола Незлобински Струга  и Lida Sherafatmand.
Strugaonline

Facebook Коментари