Од 13-ти до 17-ти мај неколку културни настани во струшкиот Центар за култура

- Локални
295
Oд 13-ти до 17-ти мај во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе се одржат неколку културни настани и активности.
На 13-ти мај хуманитарно ќе се игра  детска театарска претстава „Пeтар Пан“ во големата сала со почеток во 19: 30 часот во изведба на Аматерско драмско студио „Миладин“ – Струга.
На 15-ти мај ќе се одржи матурски концерт на Наум Палоски (кларинет) со почеток во 19:00 часот Фоаје (ДМУ- „Тодор Скаловски- Тетоец“ – Струга, влез слободен)
На 16-ти мај ќе се одржи концерт на народните анасамбли при училиштето во 19:00 часот. Фоаје (ДМУ- „Тодор Скаловски- Тетоец“ – Струга, влез слободен)
За 17-ти мај е закажана проекцијата на филм „Најсреќниот човек на светот“ со почеток во 19:00 часот во големата сала, влез 150.
Strugaonline

Facebook Коментари