Во периодот од 25 до 27-ми јули во Струга се организира манифестацијата „Drum Circle“ , организаторите на креативен начин ги повикуваат сите граѓани без разлика на возраста да создаваат ритам и да чукаат како едно срце:
Дојдете заедно да создаваме ритам, да чукаме сите како едно срце! Бидете дел од заедничкиот ритмички оркестар – отворен за сите, млади и стари, со и без било какво музичко искуство.
Ритамот е универзален „мајчин“ јазик што го познаваат сите луѓе – од најмали до најстари. Слободното ритмичко изразување е еден музички дијалог кој овозможува соработка, взаемно слушање и пренесување на ритмички фрази инспирирани од учесниците во кругот. Магијата на ритамот изразени преку различни удирачки инструменти од целиот свет, и нашите традиционални тапани ги спојува генерациите, расите и културите на убав суптилен начин. Токму затоа го одбравме како средство за поврзување на кое ќе имаат можност за учество сите кои ќе се пријават претходно.
Секоја вечер (од 25 -27 јули) од 20ч на различни локации во центарот на Струга ќе организираме Ритмички Собир – Drum Circle. Ритмичките кругови ќе ги води Ратко Даутоски – познат македонски перкусионист. Инструментите се обезбедени од организаторот, ваше е само да се појавите и да се препуштите на ритамот на Струга! Секако,, ако имате свој удирачки инструмент, донесете го.
За организаторите:
Оваа активност е дел од „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival” кој е подржан во рамките на нашиот проект „Декада на припадност – Славење на различностите“, чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. Во тек сме на реализирање на различни активности како мешан регионален хор, младинско списание, танцови работилници и музички настани, кулинарски доживувања, урбани резиденции со кои предвидуваме дека ќе го предизвикаме интересот кај граѓаните од сите возрасни и етнички групи да се вклучат и заеднички да ги направиме нашите заедници пријатни и посакувани места за живеење. Сите овие активности се распоредени во периодот од јануари 2016 до јануари 2019.
Проектот е финансиран од Европската Унија.
Проектот го имплементираат Локална агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.
Извор: Strugaonline/fb
Facebook Коментари