Од билтенот на СВР Охрид-Доставувач физички и вербално нападнат при доставување налог за извршување

- Локални
405

На 29.10.2020 година во СВР Охрид, Љ.Ј.64) од Охрид, вработен како доставувач кај извршител, пријави дека при доставување налог за извршување до Н.Ѓ., бил вербално и физички нападнат. По целосно расчистување на настанот, СВР Охрид ќе поднесе соодветна пријава.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службени дејствија“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Р.(36) од охридското село Куратица. Тој, на 06.10.2020 година, во атарот на селото, се однесувал агресивно  кон полициските службеници кои преземале службени мерки спрема него, како сторител на кривично дело „одземање на моторно возило“, за што од Основниот суд во Охрид му била изречена затворска казна.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари