Од денес теренска вакцинација во Лабуништа, Вевчани, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа

- Локални
520

Oд денеска започнува теренската вакцинација против ковид 19 во руралните средини.

Во охридско струшкиот регион вакцинација ќе се врши во овие населени места во секоја од следните општини:

Охрид – Подмоље, Оровник, Горенци, Требеништа, Волино

Вевчани – Вевчани, Лабуништа, Подгорци, Октиси, Боровец, Јабланица, Таш Маруништа

Струга – Радожда, Калишта
Процесот за теренска вакцинација е организиран во соработка со здавствените домови од секој град, локалната самоуправа и месните заедници. Со помош на локалните медиуми и плакати, ги информираат граѓаните за денот и часот во кое село, населба или рурално населено место ќе се врши вакцинација.

Facebook Коментари