Лев банер Десен банер

Од денеса на Ќафасан ќе се застанува само еднаш во секоја насока

Премиерите на Македонија и Албанија, Христијан Мицкоски и Еди Рама, вчера на граничниот премин „Ќафасан“ го промовираа системот „One Stop Shop“, кој треба да го олесни движењето на патниците и превозот на стоки меѓу Македонија и Албанија. Системот ќе се применува од денеска, 23 ноември, а граничните и царинските контроли ќе се вршат на едно место, со едно застанување во секоја насока.

Мицкоски рече дека полесниот премин на границата ќе ги доближи двете земји и ќе придонесе за развој на туризмот. Во обраќањето ги посочи Охрид, Струга и другите општини на Охридското крајбрежје, како и албанското приморје.

Очекувам овој начин на комуникација да продолжи и на другите гранични премини коишто ги имаме со нашиот западен сосед, Албанија, и на тој начин дополнително да ги зголемиме врските помеѓу граѓаните од двете страни на границата, рече Мицкоски.

Рама го оцени новиот систем како конкретен чекор што ќе им го олесни преминувањето на границата на милиони патници. Тој најави дека моделот ќе се прошири и на другите гранични премини меѓу двете земји.

StrugaOnline

error: