Од денеска измена на сообраќајниот режим на патот Калишта – Радожда кај Елен Камен
Поради изведување градежни активности за санација на свлечиште, од денеска, 17 ноември 2026 година ќе биде изменет режимот на сообраќај на регионалниот пат Р1208, на делницата Калишта – Радожда, кај месноста Елен Камен.
Како што информираат надлежните, за време на изведувањето на градежните работи сообраќајот на оваа делница ќе се одвива наизменично по една сообраќајна лента, односно ќе биде воспоставен режим на двонасочен сообраќај со наизменично пропуштање на возилата низ една заедничка слободна лента.
Инвеститор на проектот е Јавното претпријатие за државни патишта, додека изведувач на градежните активности е компанијата „Стентон Градба“ од Битола.
Изменетиот режим на сообраќај ќе биде во сила до целосното завршување на градежните работи за санација на свлечиштето.
Се апелира до сите учесници во сообраќајот кои ја користат делницата Калишта – Радожда да возат внимателно, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација и да ги следат насоките за наизменично пропуштање на возилата.
StrugaOnline

