Одбележана 80 годишнината од смртта на големиот македонски херој Кузман Јосифоски-Питу

- Локални
205

На 25 февруари 2024 година во Струга, ОО на СБМ, пред поголем број граѓани на Струга, ја одбележаа 80 годишнината од смртта на Кузман Јосифоски-Питу.

Делегацијата предводена од претседателот на ОО на СЗБМ-Струга, Ајредин Мемеди, потпретседателот Ванѓел Наумоски и секретарот Никола Попоски положија цвеќе на бистата на Питу, која гордо стои поставена пред куќата на Владо Малески и спомен плочата во тесното сокаче на улица „Браќа Миладиновци“ во Струга, на која е запишано. „Во оваа куќа на 23 септември 1941 година, во присуство на членовите на покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија, народниот херој Кузман Јосифоски-Питу се одржа конститивен состанок на Месниот комитет на КПЈ за Струга и струшко“. Пред бистата беше истакнато дека Питу имал голема верба во Струга и стружани, но и љубов за Струга. На неколку пати тој доаѓал во Струга, во строга илегалност и потоа им издавал задачи на МК на КПМ и СКОЈ.

Струга треба да е горда што низ нејзините сокаци минувал таков херој како што бил Питу. Затоа гордо треба вечно да се сеќава на него и да го слави неговиот лик. Затоа, како што рекол: Борбата почна тука во Струга предводена од Димитар и Константин Миладинови.

Со смртта на Кузман Јосифоски-Питу, македонското револуционерно движење го загуби еден од своите најистакнати револуционери, бестрашен борец и комунист раководител визионер трибун.

На денот, што за неговиот народ и неговата земја стана најсветол ден: Илинден, национален празник, посмртно и тој го доби најсветлото признание за својата исклучителна богата револуционерна дејност: на предлог на Маршалот Тито, Претседателството на АВНОЈ, меѓу првите во Македонија, Кузман Јосифоски – Питу го прогласи за народен херој на Југославија.

Беше тоа 2 август 1945 година. Само нешто повеќе од една година, од неговата прерана смрт кога,  во тоа рано даваесетипетто февруарско утро четириесет и четвртата, на железничката линија во Козле, падна пронижан од злосторничкиот куршум. Смртта на Кузман значеше голема не надокнадлива загуба за македонското револуционерно движење, на самиот праг на слободата, го загуби еден од своите најистакнати револуционери, бестрашен борец и раководител, народен трибун човек целосно оддаден на македонското дело.

Роден во Прилеп, 15 јуни 1915 година,. По завршувањето на гимназијата во Битола, студира на Правниот факултет во Белград каде е во раководството на напредната студентска младина. Учествува во организирањето на македонското студенско друштво „Вардар“, во кое пресудно влијание имаат студенските комунисти.

По окупацијата од новото партиско раководство на Македонија е испратен во нејзиниот западен дел да го организира Народното ослободително движење. На овој терен успесите на Кузман се огромни. Животот на Кузман Јосифоски-Питу згасна на 29 годишна возраст, на прагот од слободата, но неговото револуционерно дело остана да живее. Денес кога се одбележува осумдесет годишнината од неговото убиство можеме само уште еднаш да повториме дека од тоа светло дело се воспитуваат многу генерации.

Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

Facebook Коментари