Oхрид го одбележува светскиот ден на физичката активност

- Локални
410

Со низа активности поддржани  од Владата на Република Северна Македонија,  Агенцијата за млади и спорт и Центарот за јавно здравје  денеска во Охрид и неколку градови во државава  се одбележува Светскиот ден на физичката активност.

Во рамки на одбележувањето, Општина Охрид  заедно со  Сојузот на училишни спортови  и спортски клубови  од градов организираше  спортски активности  што се одржуваат на Кеј  „Македонија“   Спортувањата  се одвиваат  согласно протоколите за  КОВИД  19.   Предвидените спортски дисциплини се: атлетика, боречки вештини, аеробик и зумба, пинг- понг, возење скејт, ролери и велосипеди.  Денеска се одржува и планинарска тура од Охрид  до над  с.Велестово и назад.

Целта на одбележувањето на Светскиот ден на физичката активност е да се укаже на важноста од спортувањето и рекреативните активности кои обезбедуваат здрави животни навики. Спортот и спортувањето се индикации за здрав и културен живот. Потребно е секојдневно движење и спортување независно од возраста и полот со цел да се одржи сопственото здравје и психомоторната способност на луѓето.

Strugaonline

Facebook Коментари