Охрид ќе биде домаќин на Европски куп и Балканско триатлон првенство

- Локални, Спорт
1023

Триатлон федерацијата на Mакедонија заедно со Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“ како технички организатр, ќе го организирa Европскиoт Триатлон куп и Балканското првенство кое  од 15-ти до 16-ти  септември ќе се одржи во Охрид.

Од општина Охрид информираат дека Градоначалникот на Охрид, д-р Јован Стојаноски вчера во својот кабинет ги прими организаторите  кои инофирмираат дека на овие спортски случувања учество ќе земат околу 300 спортисти од сите европски земји кои ќе се натпреваруваат во дисциплините пливање, трчање и возење велосипед и тоа во три категории: кадети, јуниори и сениори.

На средбата се разгледале и  можностите за финансиска и техничка поддршка од општината за овие две големи спортски случувања, коишто се очекува да донесат голем број гости од земјава и странство.

Триатлон Европскиот Куп и Балканското првенство годинава  за прв пат ќе се одржат во Охрид, а организаторите се надеваат  дека тие ќе добијат традиционален карактер.

Извор: Општина Охрид/Strugaonline

Фото: Општина Охрид

Facebook Коментари