Охрид одбележува 79 години од ослободувањето

- Локални
178

Охрид денеска слави 79 години од ослободувањето.

Многу млади животи згаснале во борбите за ослободување на Охрид што партизанските одреди ги воделе со фашистичкиот окупатор на 7-ми ноември 1944 година.

Централната свеченост по повод 7-ми Ноември, Денот на ослободувањето на Охрид ќе се одржи во просториите на комплекс Касарна од 12:00 часот. Ќе се обрати градоначалникот на Охрид, д-р Кирил Пецаков и и претставникот на ОО на Сојуз на борци, Гоце Георгиески. Во рамки на свеченоста предвидена е и културно-уметничка програма.

Од 17:00 часот во спортската сала „Билјанини извори“ ќе се одржи свечената приредба по повод јубилејот, 60 години од основањето на ЈОУДГ „Јасна Ристеска”.

Свеченостите ќе бидат заокружени со седмоноемвриски концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче”, што ќе се одржи во концертната сала на училиштето, со почеток во 18:30.

Извор: ОхридПрес

фото: aрхива

Facebook Коментари