Охрид SOS: Некогашното излетничко место во Октиси опустошено и претворено во депонија

- Локални
991

-Од Месна заедница Октиси добивме неколку фотографии од некогашното излетничко место за жителите на Октиси, кое изминативе години е целосно опустошено со неконтролирана сеча а дополнително претворено во депонија.-информираат од Охрид SOS.

-Според жителите, уште во февруари ЈП Национални шуми пробило пат среде приватен имот, а по реакцијата неколку жители добиле кривични пријави и сè уште се одвиваат рочиштата по тие предмети. Дополнително, на ова место претстојувале дрвосечачите и видливи се трагите од нивното присуство а пред еден месец го пробиле катинарот од каптажата за вода и без одобрение користеле вода за себе и за коњите. Од таа каптажа се снабдуваат 4000 жители на Октиси со вода. Известени биле и Министерство за внатрешни работи но засега никој не презема ништо. Ги повикуваме Министерство за животна средина и просторно планирање, Државен инспекторат за животна средина, Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство (во чии рамки делува шумската полиција) да преземат конкретни активности. Жителите на овој регион подолг период апелираат во јавноста но се чини дека институциите не си ја вршат својата работа.-стои во соопштението од Охрид SOS.

Извор и фото: Охрид SOS

Facebook Коментари