Охридскиот кардиолошки завод ќе го одбележи Светскиот Ден на Срцето -„Моето срце…твоето срце“

- Локални
991

ЈЗУ Завод за превенција, лекување и рехабилитација на Кардиоваскуларни заболувања –Охрид и оваа година се вклучува во одбележувањето на  Светскиот Ден на Срцето најпрво беше најавено дека одбележувањето ќе се случи на 29.09.2018г., но од Заводот денеска информираа дека истото е презакажано за 01.10.2018 година во 19.30 часот.Овогодинешното мото е “МОЕТО СРЦЕ… ТВОЕТО СРЦЕ…”. Овогодишната порака се однесува на подигање на свеста за клучното прашање кое треба да биде пред нас – Што се можам да направам за подобра грижа и здравје на моето срце, твоето срце, сите наши срца? Прашање кое е поставено пред секој индивидуалец, здравствен работник и вклучен во креирање на здравствени политики.

„Оваа година  под покровителство на Алкалоид АД Скопје, одбележувањето на  Светскиот  Ден  на Срцето е на малку поинаков начин отколку претходните години.  По повод  Светскиот  Ден  на Срцето  објектот на Нашата установа  во периодот од 18 до 21ч. ќе биде осветлен во црвена боја а лекарскиот тим  во тој период ќе дели брошури и совети кои се однесуваат на  сите аспекти на превенција на срцевите заболувања кај здравата полулација и спречување на влошување на здравјето на срцето кај кардиолошките пациенти.“ – информираат од Кардиолошкиот завод

Strugaonline

Facebook Коментари