Охриѓанец со автомобил удрил во велосипедист во Струга

- Локални
2124

На 11-ти мај 2020 година, во 18:40 часот, на улица „Партизанска“ во Струга патнички автомобил „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 28-годишниот К.А. од Охрид удрил во велосипед, управуван од 40-годишниот Д.И. од Струга.

– Велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на лекување во Општата болница во Струга. Возачот на автомобилот се здобил со телесни повреди и е пуштен на домашно лекување. Увид е извршен од полициски екипи, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

Facebook Коментари