ООУ ,,Браќа Миладиновци“:Првачињата внесоа радост и нова надеж во училишниот двор

- Локални
402

Денеска 01.09.2022 година за сите ученици започна новата учебна година.

Во ООУ ,,Браќа Миладиновци“ првиот училишен ден помина свечено за сите ученици, а особено за оние најмалите, највозбудените, односно за првачињата кои заедно со своите родители внесоа радост и нова надеж во училишниот двор.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“ учат вкупно 1216 ученици, а наставата се изведува на три наставни јазици: македонски,албански и турски.

,,Во учебната 2022/23 на македонски наставен јазик запишани се вкупно 43 првачиња, на албански наставен јазик 76 ученици и 8 ученици на турски наставен јазик. Што се однесува до дистрибуцијата на учебници од МОН, во нашето училиште дел од учебниците се веќе пристигнати и ќе им бидат поделени на учениците, а дел пристигнуваат во текот на денешниот, а веројатно и утрешниот ден. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година!,, – информираат од ООУ „Браќа Миладиновци“

-Со заедничка, искрена и плодна соработка да го прошируваме знаењето, да другаруваме и да ги негуваме вистинските вредности во животот-додаваат од тимот на ООУ ,,Браќа Миладиновци“.

Strugaonline

 

Facebook Коментари