ООУ ,,Јосип Броз Тито“ започна со работилници за подигнување на свеста за ретките болести

- Локални
576
Во месецот посветен на лицата со ретки болести, стручната служба во ООУ ,,Јосип Броз Тито“  започна со работилници за подигнување на свеста и поддршка на лицата со ретки болести.
,,Денеска со учениците од трето одделение од центалното училиште ја гледавме куклената претстава,,Реткото момче и зборливото балонче” од авторката Наташа Анѓелеска и ги обоивме рачињата, се со цел поддршка на лицата со ретки болести затоа што РЕТКО Е ДА СИ РЕДОК!,,-стои во соопштението од училиштето.
Oд таму додаваат дека работилниците ќе продолжат и со другите одделенија. Преку истите, децата соодветно на нивната возраст ќе бидат запознаени со ретките болести и поддршката која што им е потребна на лицата кои се соочуваат со ретки болести.

Facebook Коментари